
Од дожд до сонце: Денеска облачноста се повлекува, а од следната недела пристигнува „пролет“ во декември со температури до 20 степени!
Временската слика за денеска (сабота) носи променлива динамика. Додека претпладнето ќе се задржи облачно со повремени локални врнежи од дожд, попладневните часови носат постепено разведрување и престанок на врнежите, па голема е веројатноста да видиме и сонце до крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури се движат меѓу 4 и 8 степени, додека дневните ќе достигнат максимум до 13 степени. Слично време го очекува и Скопје, каде по утринскиот слаб дожд, облачноста ќе се намали.
Метеоролошки шок: Доаѓа топол бран над Балканот
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Вистинското изненадување следува во деновите што доаѓаат. Иако понеделник ќе донесе краткотрајно утринско заладување со температури до -2 степени, познатиот метеопрогнозер Славчо Попоски најавува екстремно топол зимски бран кој ќе го зафати целиот Балкан. Се очекуваат температури кои ќе бидат за 10 и повеќе степени повисоки од просекот за овој месец, достигнувајќи дури до 20 степени Целзиусови. Ова значи дека нè очекува период на суво, стабилно и натпросечно топло време среде декември, што е вистинска реткост за овој дел од годината.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден








