
ВМРО-ДПМНЕ со жесток демант: „СДСМ измислува колонизација на марсовци за да шири паника, нема да има мигрантски кампови во Македонија!“
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ категорично ги отфрли тврдењата на опозициската СДСМ и наводите во дел од британските медиуми дека Владата тајно преговара со Обединетото Кралство за изградба на центри за враќање на мигранти во земјава. Во острата реакција, од партијата порачаа дека „криминалците од СДСМ се подготвени да измислат и колонизација на марсовци само за да се спасат од одговорност“. ВМРО-ДПМНЕ е децидна: „Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови“. Тие ја обвинија опозицијата за свесно креирање лажни вести и хорор-сценарија бидејќи немаат други аргументи пред јавноста.
„Тајмс“ пишува за депортација, Амбасадорот Лосон негира
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Полемиката се разгори откако британскиот весник „Тајмс“ објави дека Лондон води разговори со Македонија за депортација на одбиени баратели на азил во замена за финансиска и безбедносна поддршка. СДСМ веднаш го обвини премиерот Мицкоски дека ја претвора државата во „депонија за мигранти“ за неколку милиони евра. Сепак, владејачката партија се повика на претходна изјава на британскиот амбасадор Метју Лосон, кој јасно стави до знаење дека соработката меѓу двете земји се однесува на заедничка борба против криминалните банди и размена на разузнавачки информации, а не на прифаќање мигранти.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден








