
Гордост за Малешевијата: Хотел „Манастир“ од Берово прогласен за „Амбасадор на традиционалното гостопримство“ на Балканот
Во силна конкуренција со врвни хотели од Бугарија, Грција, Србија и Косово, познатиот хотел „Манастир“ од Берово ја освои престижната титула „Амбасадор на традиционалното гостопримство и кулинарна автентичност“. Наградата беше доделена на реномираниот настан „Balkan Awards of Tourism Industry 2025“ во Софија. Жирито, составено од туристички експерти, го препозна хотелот не само како сместувачки капацитет, туку како чувар на малешевската традиција и промотор на автентичната домашна кујна, што го прави вистински репрезент на македонскиот туристички производ пред светот.
„Малата Швајцарија“ како мост за регионална соработка
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден

Сместен на 900 метри надморска височина во воздушната бања Берово, хотелот стана синоним за еко-туризам и гастрономско уживање. Амбасадорката Агнеза Руси Поповска, врачувајќи ја наградата, истакна дека ова е доказ оти туризмот е платформа за поврзување, додека организаторите нагласија дека гостите веќе не гледаат граници, туку бараат исклучиво автентично искуство. Со својата стратешка локација (150-160 км од Скопје, Софија и Солун), Берово сè почесто е избор на странските туристи пред скапите европски дестинации, што носи директен економски бенефит за целиот регион.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден








