
„Старата дама“ фрли око на македонскиот бисер: Јувентус покажува сериозен интерес за 16-годишната Меланија Грозданова
Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус го насочи својот радар кон Македонија, покажувајќи конкретен интерес за 16-годишната сензација Меланија Грозданова. Веста ексклузивно ја пренесе познатиот новинар Руди Галети, предизвикувајќи бура во фудбалските кругови. Грозданова, која моментално настапува за ФК Љуботен, оваа сезона блеска со 8 постигнати гола, додека минатата сезона во дресот на Истатов запиша 12 погодоци. Нејзиниот талент е толку очигледен што веќе е стандарден сениорски репрезентативец, настапувајќи како стартер на двата тешки натпревари против Русија, каде покажа зрелост нетипична за нејзината возраст.
„Женскиот Роналдо“: Експлозивност, дриблинг и лидерски способности
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Стручњаците ја опишуваат како крилен напаѓач со експлозивен прв чекор и самоувереност во „еден на еден“ ситуации, често споредувајќи ја со Кристијано Роналдо – како поради стилот на игра, така и поради прославата на головите. Покрај сениорските настапи, Меланија беше клучна фигура во историскиот успех на У19 репрезентацијата, предводејќи ја до А-дивизијата во квалификациите за Европското првенство. Таа се смета за еден од најголемите таленти во историјата на македонскиот женски фудбал и една од најдобрите фудбалерки во Европа во нејзината генерација.
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден







