во ,

„Ова никогаш не сме го виделе“: Мистерија во Јадранот ги збуни италијанските научници

Јавната установа „Area Marina Protetta Miramare“ од Трст објави снимки од необичен феномен на дното на Јадранското море кој ги изненади истражувачите – масовно собирање на виолетови морски ежови (Sphaerechinus granularis) на карпесто тло.

Оваа појава е крајно нетипична бидејќи овие ежови обично се осаменици кои живеат на песочно дно, додека на карпите вообичаено доминира друг вид, кој овојпат бил редок.

Супер Попуст -25%

Научниците сметаат дека причината за ова несекојдневно собирање е миграција поврзана со исхраната. Имено, додека младите ежови се хранат на песокот, возрасните единки мигрираат кон карпите во потрага по побогата храна, како што се кафеавите алги. Присуството на голема количина на ваква храна најверојатно ги привлекла овие морски суштества да се групираат на едно место, создавајќи глетка каква што досега не била забележана во тој дел на Јадранот.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Не им купувам играчки, им купувам иднина“: Баба со генијален потег за внуците што го воодушеви светот

Езиви сцени во Еквадор: Телото на познатиот фудбалер лежи насред улица