
Времето денеска (19 декември) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но претпладнето во одделни котлини ќе биде одбележано со појава на магла.
Утрото е студено со температури кои се спуштаат до -5 степени, но во текот на денот ќе биде релативно топло за овој период од годината, со максимални вредности меѓу 8 и 14 степени. Во Скопје времето е тивко и магливо во делови од котлината, со дневна температура до 8 степени.
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден
Според УХМР, стабилното и суво време ќе се задржи во текот на целиот претстоен викенд и понеделникот. Промена на временската состојба се очекува дури во вторник доцна попладне, кога ќе започне да дува умерен јужен ветер и ќе има услови за слаб локален дожд.


