
„Украина доби гаранција за финансиска безбедност“, изјави претседателот Володимир Зеленски, заблагодарувајќи ѝ се на ЕУ за одобрениот пакет од 90 милијарди евра наменет за периодот 2026-2027 година.
Овие средства, кои ќе бидат гарантирани од европскиот буџет, според Зеленски, значајно ја зајакнуваат отпорноста на земјата и ја штитат иднината на континентот.
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден
Клучен момент во договорот е ставот на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој нагласи дека Киев ќе има обврска да го врати заемот дури откако Русија ќе исплати воени репарации. За да се постигне целосен консензус меѓу 27-те членки, направен е компромис со кој Унгарија, Словачка и Чешка се целосно ослободени од какви било финансиски обврски поврзани со овој заем преку механизмот за „засилена соработка“.


