
Кинеско чудо: Завршен најдолгиот тунел во светот кој ќе ги скрати патувањата за неколку часа
Во кинескиот автономен регион Синџијанг-Ујгур, до крајот на оваа година свечено ќе биде пуштен во употреба тунелот „Тјаншан Шенгли“. Со својата импозантна должина од 22,13 километри, овој градежен подвиг е дел од автопатот Урумчи-Јули и ќе ги поврзе северните и јужните делови на регионот, пробивајќи се низ масивниот планински венец Тјаншан.
Низ планина за само 20 минути
-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден
Овој проект драстично ќе го промени сообраќајот во регионот. Она што претходно бараше неколкучасовно возење преку опасните планински превои, сега ќе се поминува за само 20 минути. Според официјалните лица, патувањето меѓу градовите Урумчи и Корла, кое траеше околу седум часа, сега ќе биде скратено на приближно три часа, што ќе стави крај на долгогодишните сообраќајни загуувања.


