
Скандал во Лотарија: ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „испариле“ 3 милиони евра преку сомнителни аванси
Според најновиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР), во државната Лотарија е откриен финансиски мањок од близу 3 милиони евра. ВМРО-ДПМНЕ упати директни обвинувања кон тандемот од претходната власт, екс-директорот Перпарим Бајрами и поранешниот вицепремиер Артан Груби, нарекувајќи ги „криминален тандем“ одговорен за испумпување на државни пари.
Исплаќале милиони за „мали добивки“ без документи
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Ревизорите утврдиле дека биле исплаќани високи аванси за наводни мали добивки на деловни соработници, при што за сума од 13 милиони денари документацијата била целосно неуредна или невалидна. Дополнително, откриени се нелогични трансакции во системот за интернет игри во вредност од 123 милиони денари, за кои постојат сомнежи дека се фиктивни сметководствени записи.


