во ,

Драма надвор од Земјата: НАСА веќе две недели не знае што се случува со сондата на Марс

Драма во вселената: НАСА изгуби контакт со сондата на Марс, леталото се врти неконтролирано?

Вселенската агенција НАСА се соочува со сериозен проблем откако веќе две недели нема стабилен сигнал од сондата МАВЕН, која орбитира околу Марс. Портпаролката на агенцијата потврди дека тишината трае подолго време, но на 15 декември бил фатен краток фрагмент од податоци кој укажува на загрижувачка ситуација – сондата најверојатно „се врти на неочекуван начин“, што ја прекинува комуникацијата со Земјата.

Супер Попуст -25%

Вклучен „сигурносен режим“: Има ли надеж за спас?

И покрај прекинот, во контролната сала на НАСА владее умерен оптимизам. Системите на леталото автоматски влегле во „режим на заштита“ и, среќа, реагираат на основните команди. Научниците во наредните денови ќе се обидат да ја стабилизираат ротацијата и да ја повратат контролата врз сондата која е клучна за следење на атмосферата на Црвената планета уште од 2013 година.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Каде исчезнаа парите? Ревизорите открија дупка од 3 милиони евра во Лотарија

Маглата го „приземји“ Скопје: Откажани и пренасочени летови на меѓународниот аеродром