во ,

Маглата го „приземји“ Скопје: Откажани и пренасочени летови на меѓународниот аеродром

Густата магла што вчера ја зафати скопската котлина предизвика сериозни проблеми во авиосообраќајот, принудувајќи го Меѓународниот аеродром Скопје да откаже пет и да пренасочи два лета заклучно со 14 часот.

Според информациите од ТАВ Македонија, покрај откажувањата, шест летови се реализирале со значително доцнење. Сепак, ситуацијата благо се подобрила по 12:00 часот, кога успешно слетале авиони од Дортмунд, Истанбул и Париз, а биле подготвени за полетување летовите кон Осло, Љубљана и Баден-Баден.

Супер Попуст -25%

Од ТАВ апелираат патниците континуирано да ги следат насоките од своите авиокомпании бидејќи временските услови се менуваат од час во час. Што се однесува до патниот сообраќај, тој се одвива по суви коловози, но со намалена видливост на одредени делници.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Драма надвор од Земјата: НАСА веќе две недели не знае што се случува со сондата на Марс

Тажна вест од Србија: Двајца Македонци загинаа во страшна несреќа кај Умчари