
Времето денеска (понеделник, 22 декември) ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, но во котлините маглата ќе продолжи да ја намалува видливоста и да ги држи температурите пониски.
Утринските температури се движат од -4 до 1 степен, додека дневните ќе се искачат до 12 степени во сончевите предели. Во Скопје, времето е тивко и магливо, со максимална температура која нема да надмине 4 степени.
Големата промена пристигнува утре
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
УХМР најавува крај на стабилното време:
Вторник преку ден: Сè уште стабилно, но со зголемена облачност.
Вторник вечер: Под влијание на серија влажни бранови, започнуваат локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.
Снег: Поради продор на студен воздух од север, дождот на планините и на некои повисоки места ќе премине во снег.


