во ,

Ахмети со отворена закана: „Ако излезам на улица, не се враќам дома додека не завршам работа“

Ахмети со предупредување: „Ако излезам на улица, не се враќам дома – јас водам лавови, а не мачки“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешниот брифинг со новинарите испрати остра порака до политичките опоненти и јавноста, најавувајќи дека неговата партија има „План Б“ доколку не се постигне национален договор. Коментирајќи ја можноста за протести, тој беше дециден: „Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови“. Ахмети ги отфрли критиките за незадоволство во партијата по Конгресот, тврдејќи дека се работи за само неколку поединци.

„Јас ја уништив Југославија“ – Барање за Бадентер во Уставен суд

Супер Попуст -25%

Во своето обраќање, Ахмети се осврна на своето минато, истакнувајќи: „Нема никој во Македонија кој знае подобро од мене како да прави национализам. Јас ја уништив Југославија и 20 години го спроведував проектот 1981 – 2001“. Тој постави и нови услови за учество во власта во иднина: избор на Влада со двојно мнозинство и воведување на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд. Ахмети најави и тематски конгрес на пролет за дефинирање на идеологијата.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Филмско“ пресретнување кај Јурумлери: Две возила му го блокирале патот, па го претепале

Хорор на Божиќната парада: Автомобил „покоси“ група луѓе во Холандија