
Вчера претпладне (10:40 часот) се случил тежок инцидент на патот меѓу селото Јурумлери и населбата Драчево, кој наликува на сценарио од акционен филм.
Според пријавата во СВР Скопје, 47-годишниот С.М. бил принудно запрен додека го управувал својот автомобил. Две возила му го попречиле патот (блокада), по што од нив излегле лицето М.С. и неколку други непознати лица.
Супер Попуст -25%
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Напаѓачите не застанале само на закани – тие физички го нападнале возачот користејќи тврди предмети, а притоа значително го оштетиле и неговото возило. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивите за оваа заседа.


