
Венецуела по Мадуро: Панама 2.0 или почеток на крвава граѓанска војна?
Светот се прашува „што понатаму?“ откако Николас Мадуро беше насилно отстранет од власт. Би-Би-Си анализира дека ова е прва директна американска интервенција во Латинска Америка од 1989 година, кога беше соборен Мануел Нориега во Панама. Сценариото е идентично: обвиненија за дрога како оправдување за воена акција, додека Каракас тврди дека вистинската цел е кражба на најголемите нафтени резерви во светот.
Кој ќе владее? Опозицијата е поделена, „Колективос“ се на улица
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Иако Мадуро е на пат за Њујорк, ситуацијата на терен е експлозивна. Опозицијата е поделена – Трамп јавно кажа дека не ја поддржува Марија Корина Мачадо, што отвора вакуум. Најголемиот страв е од вооружените паравоени групи „Колективос“, лојални на режимот, кои можат да ја претворат земјата во бојно поле. Големите сили во регионот, Бразил и Колумбија, не ја поддржуваат интервенцијата, што може дополнително да го изолира новиот режим поставен од САД.


