во ,

Хаос на граница: Грчките земјоделци го блокираат Евзони од 17 до 21 часот

Внимание патници: Евзони затворен попладнево од 17 до 21 часот!

Лоши вести за сите што планираат враќање од Грција или патување кон југ денес (недела). По кратката празнична пауза, грчките земјоделци повторно ја активираат механизацијата. Граничниот премин Евзони ќе биде целосно блокиран за сите видови возила (влез и излез) во периодот од 17:00 до 21:00 часот по македонско време.

Тензии во Кукуш: Фрлаа сено и памук пред канцеларија на политичар

Супер Попуст -25%

Револтот ескалираше откако потпретседателот на грчкиот парламент, Јоргос Георгадас, одбил средба со демонстрантите во Кукуш (Килкис). Како одговор, земјоделците истурија сено и памук пред неговата канцеларија. Синдикатите најавуваат дека доколку Владата не попушти, блокадите на клучниот премин кон Македонија ќе станат секојдневие во наредните денови.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прскалки од шампањ го предизвикале пеколот: Идентификувани првите 11 деца во Кран-Монтана

Скопје стана првата европска престолнина што го поздрави уапсувањето на Мадуро