
Киев алармира: Русија почна систематски да ги бомбардира американските компании во Украина
Нова ескалација на теренот. Украинскиот шеф на дипломатијата, Андриј Сибиха, обвини дека Москва намерно ги таргетира бизнисите со американски капитал, откако руски дронови го разораа погонот на земјоделскиот гигант „Банџ“ (Bunge) во градот Днипро.
„Ова не е грешка, туку порака до Вашингтон“
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Градоначалникот на Днипро, Борис Филатов, потврди дека фабриката е погодена, но министерот Сибиха отиде чекор понатаму во толкувањето. „Овој напад не беше грешка – беше намерен. Русите неколкупати се обидоа да го погодат ова претпријатие“, напиша тој на мрежата Икс.
Според Киев, овие систематски напади врз американскиот бизнис покажуваат „целосно непочитување на Владимир Путин кон мировните напори предводени од САД“. Ова доаѓа во момент кога Вашингтон се обидува да иницира преговори за крај на војната.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден








