
Градоначалник со престилка: Орце Ѓорѓиевски зготви 200 оброци за гладните скопјани
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го замени костумот со кујнска престилка. Во духот на божиќните празници, тој се приклучи на екипата на хуманитарната организација „Св. Спас“ од Драчево за да помогне на оние на кои им е најтешко.
Рамо до рамо со Отец Оливер
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Заедно со познатиот хуманитарец, отец Оливер, Ѓорѓиевски учествуваше во подготовката на повеќе од 200 топли оброци. Овие оброци ќе бидат веднаш дистрибуирани низ пунктовите на Народните кујни на Скопската епархија.

„Мал гест со силна порака“
Ѓорѓиевски истакна дека соработката со оваа организација трае уште од нејзиното формирање.
„Свесни сме дека не можеме да помогнеме насекаде, но можеме да дадеме сè од себе за нашите сограѓани да знаат дека не се сами. Ова го правиме со срце, без разлика на политичка или верска припадност“, напиша градоначалникот.
Тој упати и јавен повик до сите кои можат – компании и поединци – да се приклучат на оваа благородна мисија и да донираат храна или средства.
-
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден








