
СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека со одбраната на луксузните часовници индиректно признава дека за Христијан Мицкоски политиката е приватен бизнис.
Од СДСМ реагираат на објаснувањето на ВМРО-ДПМНЕ за часовниците вредни околу 150 минимални плати кои ги поседува Мицкоски, оценувајќи дека таквата одбрана само ја потврдува нивната теза дека државните функции се третираат како личен извор на профит.
СДСМ тврди дека јавните функции се претставуваат како деловна биографија.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Според опозициската партија, аргументот дека Мицкоски работел во енергетскиот сектор пред да влезе во политиката не го оправдува стекнатиот луксуз, туку покажува дека и позициите како директор во ЕЛЕМ или советник на Никола Груевски се доживуваат како приватен бизнис.
Партијата прави споредба меѓу луксузот и платите на работниците.
СДСМ нагласува дека на македонскиот работник му се потребни повеќе од една деценија работа за да заработи износ колку вредноста на еден таков часовник, додека, како што велат, власта не покажува интерес за зголемување на платите.
Обвинувањата се прошируваат и кон економската политика.
Во соопштението се наведува дека приоритетите на актуелната власт се насочени кон тендери и бизниси, а не кон подобрување на животниот стандард, при што се изразува став дека со ваков пристап не може да се очекуваат повисоки плати за граѓаните.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден








