во ,

Мицкоски го засили тимот: Професорката Тања Каракамишева стана главна советничка за владеење на правото

Реномираната професорка по уставно право, Тања Каракамишева, официјално влегува во владиниот кабинет како нов советник на премиерот Христијан Мицкоски задолжен за една од најчувствителните области – човековите права и владеењето на правото.

Оваа информација ја потврди самата Каракамишева преку социјалните мрежи, објаснувајќи дека новата функција е природен тек на нејзината долгогодишна соработка и идеолошка блискост со премиерот. Таа истакна дека именувањето го доживува како огромна чест, но и како тешка задача во време кога правосудниот систем е под лупа.

„Ова е најчувствителниот сегмент на државата“

Супер Попуст -25%

Во своето обраќање, професорката нагласи дека областите кои ќе ги покрива не се важни само за внатрешната функционалност, туку се клучни и за меѓународниот имиџ на Македонија.

„Ќе работам со целосна посветеност и професионализам. Фокусот ќе биде ставен на постигнување конкретни и мерливи резултати во рамките на македонскиот правен поредок“, вети Каракамишева, најавувајќи бескомпромисна битка за враќање на довербата во правната држава.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп издејствува „зимско примирје“: Путин ветил дека нема да го гранатира Киев една недела поради студот

Променливо облачно со дожд низ земјава а снег на планините недела носи пообилни врнежи