
Историски удар за македонската правда: Дубаи повеќе не е сигурно засолниште за бегалците откако денеска се реализираше првата екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати.
Со лисици на рацете во земјава пристигна 33-годишниот Флорим Лимани. Тој долго време беше баран со меѓународна потерница за тешки кривични дела. Лимани е правосилно осуден на три години и шест месеци затвор. Казната е изречена за недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи.
Крај на луксузот и директно зад решетки
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Оваа операција претставува огромен успех за македонската полиција. Веднаш по слетувањето, опасниот бегалец е предаден на надлежните институции. Тој директно е спроведен на издржување на затворската казна.
Успешната соработка со властите во Дубаи е важен преседан. Ова испраќа силна порака до сите останати криминалци. Ниту една далечна дестинација веќе не гарантира спас од македонските закони.


