во ,

ПРОЛЕТ ВО ФЕВРУАРИ: Сонце и до 15 степени низ Македонија

Сончево и релативно топло време ќе донесе вистинска пролетна атмосфера иако календарски сè уште е зима

Според најавите, денеска времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини постојат услови за појава на утринска магла, а ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Супер Попуст -25%

Минималните температури ќе се движат од -3 до 6 степени, додека максималните ќе достигнат од 10 до 15 степени.

Скопје со пријатни 15 степени

Во главниот град се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб југоисточен ветер. Во делови од котлината можно е појавување на утринска магла. Температурата ќе се спушти до -1 степен, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Стабилен период и во наредните денови

Метеоролозите најавуваат продолжување на стабилното и релативно топло време. Утрото ќе биде постудено, а по одделни котлини повторно се можни услови за слаба магла, додека дневните температури ќе останат пријатни за овој период од годината.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДИЈАМАНТ ШТО ГО ЗАПРЕ СВЕТОТ: „Тејлор-Бартон“ и легендата Елизабет Тејлор

Дневен хороскоп за сабота, 28. февруари 2026