во ,

ИТЕН АПЕЛ ДО МАКЕДОНЦИТЕ ВО ИЗРАЕЛ: Воздушниот простор затворен

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани во Израел внимателно да ги следат официјалните упатства, додека воздушниот простор е затворен за цивилни летови

Според информациите од Амбасадата во Тел Авив, сите комерцијални влезни и излезни летови се суспендирани до понатамошно известување. Граѓаните се повикуваат да останат во или во близина на заштитени простори и да ги следат известувањата на израелската Команда на домашниот фронт.

Апел за воздржаност од патувања

Супер Попуст -25%

МНР им препорачува на македонските државјани да се воздржат од патувања кон земјите од регионот сè до стабилизирање на безбедносната состојба. Летовите моментално се откажани, а обновувањето на редовниот сообраќај засега не е најавено.

Контакти за итна помош

Во случај на потреба од помош, достапни се следните контакти:

Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566
Тел: +972 54 967 0546
Е-пошта: [email protected]

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736
Е-пошта: [email protected]

Надлежните институции информираат дека континуирано ја следат состојбата и ќе ја известуваат јавноста за понатамошниот развој.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

НОЌЕН УВИД ВО АЕРОДРОМ: Орце порача дека Скопје не смее да чека

ВРХОВНИОТ ЛИДЕР НА ИРАН НА БЕЗБЕДНО: Техеран во состојба на подготвеност