
Шефот на иранската полициска разузнавачка служба Голамреза Резајан е убиен во американско-израелските напади, јавуваат иранските медиуми
Новинската агенција Фарс објави дека генералот Резајан загинал по, како што се наведува, „непријателските напади“ врз Техеран. Иранската телевизија претходно информираше дека во нападите е убиен и началникот на Генералштабот на вооружените сили, Абдолрахим Мусави.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Официјалната новинска агенција ИРНА пренесе дека меѓу жртвите е и Али Шамкани, висок политички функционер и близок соработник на врховниот лидер. Дополнително, потврдено е дека загинал и командантот на Корпусот на исламската револуционерна гарда, Мохамед Пакпур.
Ситуацијата во Иран останува исклучително напната, а властите најавуваат одговор на нападите, додека меѓународната заедница повикува на деескалација.


