
Министерството за надворешни работи го објави договорот за евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток, кој беше склучен поради влошената безбедносна состојба во регионот и воените дејствија поврзани со конфликтот со Иран. Според објавените информации, за изнајмување авиони за оваа операција се издвоени речиси 60 милиони денари.

-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Од министерството појаснуваат дека од почетокот на кризата 473 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва на државата во Тел Авив, Доха и Абу Даби, барајќи помош за евакуација од регионот.
Македонци заглавени во неколку земји
Дипломатските претставништва постојано комуницираат со македонските граѓани кои се наоѓаат во Израел, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Кувајт и Бахреин. Во моментот на почетокот на кризата, поради затворени или ограничени воздушни коридори, евакуацијата по воздушен пат била значително отежната.
Поради тоа, институциите започнале подготовка за обезбедување авионски транспорт веднаш штом ќе се отворат безбедни воздушни коридори за странските државјани.
Итна постапка за изнајмување авиони
Владата на 3 март 2026 година донела заклучок со кој се дозволува итна јавна набавка за изнајмување авион за евакуација. Постапката била спроведена согласно член 55 од Законот за јавни набавки, кој дозволува преговарање без објавување оглас во случаи на крајна итност кога се загрозени животот и безбедноста на луѓето.
Претходната постапка за јавна набавка не донела ниту една понуда во предвидениот рок, поради што била започната нова процедура со директни преговори со компании или посреднички агенции кои можат да обезбедат авионски превоз.
Голем дел од граѓаните веќе евакуирани
Според информациите од министерството, до овој момент голем дел од македонските државјани кои побарале помош веќе се евакуирани од ризичните подрачја.
Евакуацијата се реализираше во неколку фази и во координација со институциите на државите од регионот, со цел граѓаните безбедно да се вратат во Северна Македонија.
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден








