
Тишината која боли и пламенот на свеќите го означија моментот кога точно пред една година згаснаа 63 млади животи во Кочани. Ноќеска, во симболичните 02:32 часот – времето кога лани избувна кобниот пожар во дискотеката „Пулс“ – родители, пријатели и сограѓани се собраа на местото на трагедијата за да оддадат почит. Со 63 бели срциња со имињата на загинатите и со една заедничка порака: „Нема да заборавиме“, Кочани покажа дека раната е сè уште свежа, а сеќавањето на децата и младите кои не се вратија дома е вечно.
„Нека тишината зборува за љубовта“
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Здружението „16 март 2025 Кочани“, формирано од семејствата на жртвите, организираше достоинствен комеморативен собир кој ги обедини сите граѓани во болката. „Нека светлината сведочи да не заборавиме. Нека тишината зборува за љубовта што останува“, порачаа од Здружението. Пред остатоците од изгорената дискотека беа запалени 63 свеќи, по една за секој изгубен живот во страшниот пожар кој освен жртвите, остави и над 200 повредени со тешки последици.
Кочани во знак на сеќавање
Изминатиов викенд градот живееше во знакот на комеморацијата. Преку велосипедска тура и кошаркарски натпревар, младите од Кочани покажаа дека нивните другари сè уште се дел од нивните животи. Денешната централна комеморација во Центарот за култура „Бели Мугри“ е само круна на низата настани со кои се оддава почит на невино загинатите во најголемата трагедија во поновата историја на Македонија.
Меѓународна експертиза за научените лекции
Паралелно со комеморативните настани, Владата организираше меѓународна конференција на која учествуваа 37 лекари и медицински експерти од целиот свет. Овие експерти, кои директно помагаа во лекувањето на тешко повредените во Кочани, ги споделија своите искуства со цел ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори. Трагедијата во „Пулс“ останува како траен потсетник за неопходноста од највисоки безбедносни стандарди, но пред сè како рана во срцето на секој граѓанин.
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден







