во ,

ЧИСТКА ВО ГЕРМАНИЈА: Мерц најави дека 80% од Сиријците мора да заминат за три години

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја фрли политичката бомба која со години се очекуваше во Берлин, најавувајќи дека огромното мнозинство Сиријци мора да се вратат дома. По средбата со новиот сириски претседател Ахмед ал-Шара, Мерц беше дециден дека граѓанската војна е минато и дека е време за голема репатријација на бегалците. Оваа одлука доаѓа во критичен момент за Германија, која со децении се справува со притисокот на миграцијата, а сега планира егзодус на дури 80 проценти од сириската популација во рок од само три години.

Супер Попуст -25%

Околу еден милион луѓе ќе треба да ги пакуваат куферите за да помогнат во обновата на својата татковина. Мерц појасни дека само дефицитарни кадри како лекари и медицински сестри ќе имаат привилегија да останат во Германија. Ова е јасен сигнал дека Берлин ја менува својата либерална политика кон бегалците и преминува во офанзива за заштита на сопствените граници.

Крај на гостопримството: Германија бара соработка од Дамаск

Од 2011 година до денес, над 1,2 милиони Сиријци се регистрирани на германско тло. Многумина пристигнаа за време на големата криза во 2015 година, барајќи спас од војната која сега се смета за завршена. Мерц ја стави миграцијата во центарот на својата предизборна кампања за да ги придобие гласачите кои бараат ред и закон.

Канцеларот смета дека враќањето на луѓето ќе го поттикне економскиот раст во Сирија. Реконструкцијата на земјата бара работна сила и млада енергија која во моментов е на социјална помош во Европа. Берлин и Дамаск сега сакаат заеднички да го овозможат овој масовен процес на преселба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

КРВАВА ТРАГЕДИЈА ВО РОСОМАН: Син ја уби сопствената мајка со нож додека спиела

ИРАН СЕ БОГАТИ ПОД БОМБИ: Извозот на нафта двојно поголем отколку пред војната