во ,

ЖЕСТОК НАПАД ОД ВМРО-ДПМНЕ: „Филипче на јахтата на Заев смислува лажни вести за водата во Скопје!“

Политичките препукувања продолжуваат со несмалено темпо! Владејачката ВМРО-ДПМНЕ излезе со жестоки обвинувања кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека тој веќе седум дена ужива на луксузната јахта на поранешниот премиер Зоран Заев, од каде што нарачува лажни вести.

Според партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Филипче заминал на одмор на 6 август со својот мотор преку граничниот премин Богородица. Од владејачката партија прашуваат зошто СДСМ го крие овој факт и зошто се срамат да кажат дека нивните двајца лидери се на заеднички одмор.

Хистерија за водата и политички интриги

Супер Попуст -25%

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека токму од јахтата на Заев во Егејското Море се даваат насоките за ширење паника меѓу скопјани. Тие го обвинуваат Филипче дека од таму нарачува лажни кампањи за наводната небезбедност на водата за пиење во Скопје, без притоа да понуди никакви факти или аргументи.

„Таквиот предавнички тандем, меѓу другото, од јахтата на Егејското Море, купена со украдени пари, нарачуваше и штрајк на струмичките пиперкари, каде што манипулираа со ниските откупни цени преку фирмата на Заев за ајвар.“

Партијата додава и дека опозицијата претходно водела лажна кампања против прославата на независноста на Македонија. Овој одмор на лидерите на СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ го опишаа како „плоден одмор на талогот“ кој резултира исклучиво со ширење лаги и уценување на земјоделците.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ХАОС НА СИЦИЛИЈА: Ерупцијата на Етна го парализираше воздушниот сообраќај, илјадници заглавени!

ПО ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ВЕК: Шпанија сведок на спектакуларно целосно затемнување на Сонцето!