
Според партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Филипче заминал на одмор на 6 август со својот мотор преку граничниот премин Богородица. Од владејачката партија прашуваат зошто СДСМ го крие овој факт и зошто се срамат да кажат дека нивните двајца лидери се на заеднички одмор.
Хистерија за водата и политички интриги
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека токму од јахтата на Заев во Егејското Море се даваат насоките за ширење паника меѓу скопјани. Тие го обвинуваат Филипче дека од таму нарачува лажни кампањи за наводната небезбедност на водата за пиење во Скопје, без притоа да понуди никакви факти или аргументи.
„Таквиот предавнички тандем, меѓу другото, од јахтата на Егејското Море, купена со украдени пари, нарачуваше и штрајк на струмичките пиперкари, каде што манипулираа со ниските откупни цени преку фирмата на Заев за ајвар.“
Партијата додава и дека опозицијата претходно водела лажна кампања против прославата на независноста на Македонија. Овој одмор на лидерите на СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ го опишаа како „плоден одмор на талогот“ кој резултира исклучиво со ширење лаги и уценување на земјоделците.


