во ,

СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ „ЛОТАРИЈА“ ЗАПОЧНУВА НА 24 АВГУСТ: Артан Груби на обвинителна клупа!

Судењето за еден од најголемите скандали со игрите на среќа, случајот „Лотарија“, официјално започнува на 24 август во 10 часот. На обвинителната клупа ќе се најде поранешниот вицепремиер Артан Груби, заедно со уште седуммина други обвинети за тешки злоупотреби на службената положба.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно осум лица кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување. Според наводите на Обвинителството, со овие незаконски дејствија во Државната лотарија е предизвикана огромна материјална штета која се проценува на вртоглави 507.632.173 денари.

Еден во бегство, Груби останува во куќен притвор

Супер Попуст -25%

Ситуацијата со обвинетите е различна. Обвинителството побара 30 дена притвор за поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кој во моментов е во бегство и е недостапен за органите на прогонот. За Артан Груби, кој веќе шести месец е во куќен притвор, предложено е продолжување на мерката. За останатите обвинети се бараат мерки на претпазливост како редовно јавување во Судот, одземање пасоши и забрана за контакти.

„Обвинетите биле целосно свесни дека Државната лотарија нема право самостојно да приредува електронски игри на среќа преку видеолотариски терминали, бидејќи тоа право веќе било вложено во Државна видеолотарија со ‘Касинос Австрија’.“

Незаконско туркање на дневен ред во Владата

И покрај постоечките договори, во 2023 година биле преземени низа активности за Државната лотарија повторно да започне самостојно со приредување на игрите на среќа. Информацијата за овие спорни активности била намерно вметната како дополнување на дневниот ред на владина седница, иако Владата воопшто не била надлежна за нејзино разгледување во својство на Собрание на Акционерското друштво.

Сега, целиот случај влегува во клучната судска фаза. На 24 август започнува главната расправа каде ќе треба да се докаже вината, додека законскиот рок за куќниот притвор на Груби продолжува да тече, кој може да трае најдолго уште 60 дена од денот на поднесувањето на предлогот.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВЛЕН УДРИ ПО ДУИ: Две години молчевте за Лотарија, а сега барате меѓународен надзор!

ДРАМА НА ХАЛКИДИКИ: Евакуација по морски пат од плажата во Сивири поради огромен пожар!