во

ИЗВЕШТАЈ НА ЦУК: Шест пожари сè уште горат низ државата, 22 се изгаснати во текот на ноќта.

На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од вкупниот број евидентирани пожари, шест се сè уште активни, еден е ставен под контрола, додека дури 22 се целосно изгаснати благодарение на интервенциите на службите во текот на ноќта.

Локации на активните пожари

Супер Попуст -25%

Според извештајот, активни пожари има во општините Студеничани, Македонски Брод, Велес, Зелениково, Јегуновце, Сарај, Крушево и Крива Паланка. Најголем дел од овие активни жаришта зафатиле шума, ниска вегетација и грмушки.

„Во општините Јегуновце и Сарај пожарот од подрачјето на селата Копанце и Туденце се проширил кон селото Бојане, додека пожарот кај С’лп, во општина Велес, се проширил кон Добрино и Тисовица во општина Зелениково,“ информираат надлежните.

Изгаснати 22 жаришта

Добра вест е што пожарот помеѓу селата Алданци и Норово во општина Крушево е конечно ставен под контрола. Истовремено, во текот на ноќта противпожарните екипи успешно изгаснаа 22 пожари на отворен простор низ целата држава.

Изгаснати се жариштата во следните општини: Бутел, Гази Баба, Зелениково, Битола, Могила, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Богданци, Струга, Кичево, Чешиново-Облешево, Липково, Тетово, Брвеница, Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ТРАГЕДИЈА ВО УНГАРИЈА: Полски автобус излета од автопат, најмалку 12 загинати!

ГУЖВИ НА ГРАНИЦИТЕ: На Богородица се чека околу еден час, на Табановце 30 минути!