
Од партијата упатија остри критики кон власта, обвинувајќи ги премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски за непрофесионализам и отсуство на навремена превенција во справувањето со ширењето на опасниот вирус кој се пренесува преку комарци.
Реакцијата доцни, се преземаат мерки дури по првите жртви
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
Според СДСМ, додека во земјите од Европската Унија уште од пролет систематски се прска против ларви, се поставуваат стапици и се чистат леглата на комарците, кај нас надлежните реагираат дури откако вирусот почна да одзема човечки животи.
„Истата шема како и со водата во Гостивар: нема навремена превенција, нема систем, нема одговорност, само импровизации и пропаганда. Во ЕУ се реагира при првите позитивни наоди од комарци, а кај нас се чека да почнат да умираат луѓе, па потоа се држат прес-конференции“, стои во партиското соопштение.
Тие додаваат дека дури и најавеното прскање против комарци во главниот град премногу доцни, посочувајќи дека поминале шест дена само од најавата за прскање, иако состојбата е веќе алармантна и е прогласена епидемија.
„Колапс на институциите и елементарен недостаток на сериозност“
Опозицијата ги критикуваше и локалните власти, потсетувајќи на неодамнешните бизарни случувања со промотивните материјали на Општина Кисела Вода.
- „До вчера градоначалникот се занимаваше со билбордот, кој на крајот заврши со коњ со пет нозе.“
- „Денес е јасно кој сè ја води оваа држава и каков е капацитетот на овие луѓе на функциите.“
- „Ова не е водење на здравствена криза туку потполн колапс на институциите и елементарен недостаток на сериозност.“
„Граѓаните плаќаат со здравјето и со своите животи. Доколку оваа криминална организација ВМРО и Мицкоски ја водеа државата во големи светски економски и епидемиолошки кризи, на сите ни е јасно како би изгледало тоа. Подобро и да не помислуваме“, заклучуваат од СДСМ во својата реакција.


