
Времето денеска ќе биде сончево и екстремно топло. Ќе има само мала до умерена локална облачност низ државата. Минималната температура ќе се движи од 13 до 21, а максималната ќе достигне пеколни 39 степени. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
Скопје се топи на 38 степени
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Главниот град воопшто нема да биде поштеден од горештините. Во Скопје се очекува сончево и многу топло време во текот на целиот ден. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневната максимална температура во метрополата ќе се искачи до високи 38 степени.
Викенд шок: Од екстремно сонце до невреме
Следува период на стабилно и многу топло време во текот на работната недела. Но, за време на викендот нè очекува вистински метеоролошки хаос. Дневните температури на места се очекува да надминат дури и 40 степени, пред да започне големата нестабилност.
„Во деновите од викендот ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град.“


