
Трагедии без одговорност: Ласкарци и модуларната болница
Во своето партиско соопштение, ВМРО-ДПМНЕ изрази револт поради фактот што по судската одлука за случајот Ласкарци, во кој животот го загубија 16 патници, правдата повторно е изигрувана. Од партијата ја поистоветуваат оваа ситуација со случајот со запалената модуларна болница во Тетово, каде што исто така изгореа луѓе, а процесот заврши без суштинска одговорност за главните актери.
„Во која друга држава и при кое друго судство може да загинат над 30 луѓе, а да нема виновни? 16 лица загинаа, а нема одговорни“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање до јавноста.
Ослободувањето на Јакимовски и довербата во судството
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Освен за случајот Ласкарци, од партијата реагираат и на паралелната одлука со која Стевчо Јакимовски е пуштен на слобода. ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека тој бил правосилно осуден за криминал, оценувајќи дека овие случувања се најдобар приказ за тоа како функционира судството кое ужива само 2 отсто доверба кај граѓаните.
Директни критики беа упатени и кон судиите во Врховниот суд, со конкретно споменување на Африм Фидани. Според ВМРО-ДПМНЕ, ваквите одлуки нанесуваат огромен срам на правдата во Македонија и докажуваат дека правосудните инсталации поставени од претходната власт на СДСМ и ДУИ се сè уште активни. „Затоа талогот останува најдолу“, заклучуваат од партијата, барајќи итни реформи и одговорност во правосудниот систем.


