
Не комплицирајте и заборавете на совршенството
Многумина го комплицираат слабеењето обидувајќи се да постигнат совршенство, наместо да бидат доследни во неколку едноставни навики. Лиценцираниот нутриционист, д-р Кезија Џој, објаснува дека строгите правила и исфрлањето на одредени намирници прават процесот на слабеење да изгледа како несовладлива задача.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Добрата вест е дека процесот може да се поедностави. Клучот е да се фокусирате на основните принципи секој ден, наместо да следите модерни и рестриктивни диети кои се тешки за одржување на долг рок.
Протеини, влакна и мал калориски дефицит
Еден од вашите главни цели треба да биде внесувањето доволно протеини и влакна во секој оброк. Тие ви помагаат подолго да се чувствувате сити, го стабилизираат шеќерот во крвта и ја намалуваат потребата за нездрави ужинки во текот на денот.
„Наместо строго и драстично ограничување на калориите, создадете мал калориски дефицит. Кога внесувате само малку помалку од она што му е потребно на вашето тело, тоа ќе го поттикне слабеењето, но истовремено ќе го заштити метаболизмот и ќе го потисне чувството на глад“, советува д-р Џој.
Движење и конзистентност
Редовното вежбање е клучно за задржување на линијата. Развијте режим кој вклучува секојдневни активности (како пешачење и качување по скали) и рутина за вежбање, што помага во губењето на мастите додека се чува мускулната маса.
Најчестата грешка што ја прават луѓето е очекувањето на инстантни резултати и недостатокот на конзистентност, особено за време на викендите. Здравото слабеење е патување кое бара време, труд и трпение, а едноставните правила функционираат само ако се применуваат постојано.
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден








