
Обид за зачувување на партиската кохезија
Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека имаат разбирање за актуелната состојба во која се наоѓа Венко Филипче, посочувајќи на, како што велат, бројни внатрепартиски проблеми со кои се соочува неговата партија во овој период.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Според владејачката партија, последните критики и напади насочени кон нив се само политички маневар за дефокусирање на јавноста. Тие тврдат дека Филипче ја користи ВМРО-ДПМНЕ како мета за да го одвлече вниманието од деликатноста на внатрепартиските состојби и поделеноста во редовите на СДСМ, со цел да ја задржи внатрешната кохезија.
„Најдоброто решение за нас“
Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ отворено порачува дека актуелното лидерство во опозицијата е во нивна политичка полза.
„Од аспект на ВМРО-ДПМНЕ, вистината говори дека за нас нема подобро решение од тоа Венко Филипче да биде претседател на СДС. Го охрабруваме да не се откажува и да продолжи да го води СДС“, стои во партиското соопштение.


