
Двојното државјанство не е заштита од законите
Во официјалното соопштение, македонското МНР нагласува дека приемот на лице против кое се води активна судска постапка испраќа крајно погрешна порака. Според Министерството, националната припадност и поседувањето бугарски пасош во ниту еден случај не смеат да послужат како институционална заштита од одговорност пред надлежните судови.
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
Од Бугарија, како земја-членка на Европската Унија, се очекува доследно почитување на основните европски принципи, кои вклучуваат:
- Почитување на судските постапки
- Соработка меѓу надлежните институции
- Еднаквост на сите граѓани пред законот, независно од нивната национална припадност
Случајот ќе биде пријавен во ЕУ и Советот на Европа
Министерството најави дека за најновиот развој на настаните официјално ќе ги информира меѓународните партнери, со посебен фокус на институциите на Европската Унија и Советот на Европа. Во соопштението се потенцира дека ваквите преседани директно ја нарушуваат билатералната доверба и отвораат сериозни прашања за тоа колку Софија ги почитува заедничките европски вредности.
„Остануваме посветени на развојот на добрососедските односи, засновани врз меѓусебно почитување, доверба и европски принципи. Истата одговорност ја очекуваме и од бугарската страна. Почитувањето на правдата не е прашање на политички избор, туку основна европска обврска“, децидни се од македонското МНР.


