во

Зајкова и ЛДП за изборите во Србија: Граѓаните покажаа дека демократската одлучност е посилна од секоја власт

Либерално-демократската партија (ЛДП) и нејзината претседателка Моника Зајкова ги поздравија изборните резултати во Србија, оценувајќи ги како историска победа на демократијата и јасен крај на долгогодишната автократска матрица.

Пораз за изборниот инженеринг и институционалната контрола

Според соопштението на партијата, овој демократски пресврт претставува директна шлаканица за сите системи кои опстојуваат преку масовна контрола на медиумите, злоупотреба на државниот буџет за партиски цели и целосна партизација на институциите. Од ЛДП посочуваат дека Србија докажала оти демократскиот капацитет е длабоко всаден во граѓаните и дека секоја машинерија за изборен инженеринг паѓа пред вистинската волја на народот.

Супер Попуст -25%

Студентите и младите, според партијата, докажале дека тие се единствениот вистински суверен и дека ниедна власт не може да биде посилна од желбата за слобода и правна држава.

Европска иднина и порака до регионот

ЛДП изразува надеж дека со овој политички чин, Србија конечно се враќа на вистинскиот европски пат, додавајќи дека времето на политичките монополи на Балканот полека завршува. Лидерката на партијата и пратеничка, Моника Зајкова, нагласи дека мора да постои казнивост за корупцијата и еднаква правда за сите.

„Студентите и граѓаните на Србија покажаа дека со енергија и одлучност можат да бидат тие кои ќе одлучат за иднината на својот народ – надвор од сите манипулации, надвор од злоупотребата на медиумите и надвор од воспоставените автократски матрици! Ова е доказ за целиот регион дека единствено демократијата, транспарентноста и одлучноста на граѓаните победуваат“, изјави Зајкова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Меџити за изборите во Србија: Волјата на граѓаните е посилна од секоја власт, крај на ерата на Вучиќ

Семејно насилство во Скопје: 27-годишник уапсен откако ги нападнал родителите и сестрата