
Иновативна технологија со инфрацрвена светлина
Новата технолошка платформа се потпира на специјални очила опремени со модифицирани камери кои користат инфрацрвена светлина и флуоресцентни маркери. Ова им овозможува на хирурзите во реално време да ја визуелизираат точната локација на туморските промени, границите на зафатеното ткиво и лимфните јазли за време на самите операции кај пациенти со карцином на дојка, белите дробови и заболувања на тироидната жлезда.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Целта на проектот е да се обезбедат помалку инвазивни зафати и целосно отстранување на канцерогените клетки на оперативните рабови, што директно придонесува кон подобар исход за пациентите.
Десетгодишна соработка крунисана со престижни признанија
Во ова пионерско истражување активно учествуваат проф. д-р Виктор Груев од Универзитетот во Илиноис, директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, д-р Игорче Џиковски, и вонредниот проф. д-р Борислав Кондов. Нивната соработка трае цело десетлетие, а резултатите од досегашната работа веќе беа објавени во врвното научно списание „Light: Science & Applications“, кое е дел од групацијата „Nature“ и има импакт-фактор од 24.0.
По успешната пилот-студија спроведена во Македонија и на Универзитетот во Пенсилванија, тимот доби значаен грант од Националната фондација за наука во САД за продолжување и проширување на проектот.
„Паралелно работевме студија и во Македонија и во Америка, на Универзитетот во Пенсилванија. Колку што учиме во Америка, учиме и тука, во Македонија. Работите што ги откриваме овде можат да се применат секаде“, истакна проф. д-р Виктор Груев.


