
Обвинувања за политички влијанија и застарување на предмети
Во своето гостување во емисијата „Тема на денот“ на ТВ Сител, Мицкоски отворено го посочи Врховниот суд како еден од главните виновници за огромната недоверба на граѓаните во правосудниот систем. Тој го прозва Кривичниот оддел дека континуирано поништува пресуди во кои се опфатени функционери од ДУИ, враќајќи ги во првостепена постапка каде што, поради истекот на роковите, се соочуваат со застарување на делата.
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Според премиерот, иако во системот постојат чесни и професионални судии кои носат стотици правилни одлуки, ваквите политички сензитивни решенија на највисокиот суд целосно го рушат угледот на судството и создаваат фрустрација кај јавноста дека нема вистинска борба против криминалот.
Повик за истражување на судиите за „Ласкарци“ и „Модуларната болница“
Премиерот директно ги повика медиумите и јавноста да истражат кои конкретно судии учествувале во носењето на одлуките за трагичните случаи „Ласкарци“ и пожарот во „Модуларната болница“ во Тетово. Тој го отвори прашањето за транспарентноста на институцијата, прашувајќи дали некогаш бил побаран или даден отчет за работата на Кривичниот оддел.
Ваквиот јавен настап на претседателот на Владата претставува директна прозивка за одговорноста во правосудниот систем, ставајќи ги под лупа одлуките на највисоката судска инстанца во државата.
„Каква е одговорноста на Врховниот суд? […] Зошто кривичниот оддел при Врховниот суд континуирано поништува дела каде што се засегнати функционери од ДУИ и ги враќа во прв степен за да застарат? Граѓаните се шокирани од ваквите одлуки.“ — истакна Мицкоски.


