
Кој дозволи влез на банката во Македонија?
Според тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, откако на површина излегле клучните факти и документи, претставниците на СДСМ сега се кријат и бегаат од одговорност. Владејачката партија истакнува дека опозицијата со месеци ја користела Алта банка за дневно-политички поени, претставувајќи го инвеститорот Давор Мацура како спорен, за на крајот да се испостави дека токму во време на СДСМ биле направени првите чекори и дозволи за купување на акции од Македонија.
Од партијата експресно ги демантираат и тврдењата дека банката имала забрана за работа во Европската Унија. Тие појаснуваат дека станувало збор само за прекршочна казна од австрискиот регулатор, а не за целосна забрана како што интензивно се шпекулирало во јавноста.
Гаранција за граѓаните и нивните штедни влогови
Во соопштението се додава дека јавноста била непотребно плашена со црни сценарија за пропаѓање на банката и губење на тешко спечелените штедни влогови. ВМРО-ДПМНЕ уверува дека банката е целосно ликвидна и дека државата цврсто стои во заштита на парите на своите граѓани. Тие ги критикуваат социјалдемократите дека откако вистината излегла на виделина, дури и надзорната расправа во Собранието која самите ја барале, почнале да ја одложуваат бидејќи немаат аргументи.
„Помина времето на СДС и ДУИ кога банки пропаѓаа, а граѓаните беа оставени на цедило. Граѓаните да бидат спокојни ниту една банка нема да пропадне додека е Христијан Мицкоски премиер, а ВМРО-ДПМНЕ е на власт.“ — децидни се од партијата.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден







