
Обвинувања за ширење паника и деловни релации
Според наводите на ВМРО-ДПМНЕ, раководството на СДСМ со денови ширело паника во јавноста и ја доведувало во прашање стабилноста на домашниот банкарски систем, изнесувајќи тврдења дека банката е неликвидна, дека ќе пропадне и дека граѓаните ќе останат без своите пари. Од владејачката партија оценуваат дека таквите тврдења се покажале како неточни.
Во соопштението дополнително се посочува дека на виделина излегле информации за деловни релации на СДСМ и ДУИ со „Алта банка“ и инвеститорот Давор Мацура, за кои, според ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата сега се обидува да молчи.
Повик за продолжување на надзорната расправа
Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека токму СДСМ била партијата што ја побарала надзорната расправа во Собранието, но обвинуваат дека сега, кога треба да се одговори на отворените прашања, Филипче и неговите сопартијци го избегнуваат нејзиното продолжување.
Владејачката партија порача дека граѓаните очекуваат конкретни факти и одговори за тоа кој ја зборувал вистината за „Алта банка“ и зошто се избегнува институционалното расчистување на случајот.
„Кога обвинуваат СДС и Филипче се гласни. Кога треба да одговараат СДС и Филипче молчат и ги нема. Граѓаните очекуваат одговори и факти, СДС и Филипче да не се кријат“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден







