
Реакција на сеприсутното насилство врз жените
Според најавата на организаторите, денешниот собир е поттикнат од гневот и длабоката загриженост поради сеприсутното насилство врз жените во општеството. Директен повод за организирање на протестот е и последниот случај на насилство што силно ја потресе охридската јавност.
Целта на мирниот собир на градскиот плоштад е да се испрати јасна порака дека ваквите појави не смеат да се премолчуваат и дека е неопходна навремена и ефикасна реакција од надлежните институции.
Порака за будност и заедничка свест
Преку објава на социјалната мрежа Инстаграм, организаторите потсетија дека насилството не е далечен проблем, туку реалност која често се случува во нашата непосредна близина, повикувајќи на поголема општествена свест и солидарност.
„Овој случај нè потсети дека насилството не се случува само некаде таму, туку блиску до нас, можеби и меѓу луѓето што ги познаваме“, се вели во објавата споделена на Инстаграм.
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден







