
Облачно и студено време, проследено со повремени локални врнежи од снег, се очекува утре во Македонија. Во пониските места долж Повардарието ќе има мешани врнежи од дожд и снег, а кон крајот на денот врнежите постепено ќе престанат.
Ќе дува умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува особено долж Повардарието. Утринските минимални температури ќе се движат во интервал од минус три до четири степени, додека дневните максимални температури ќе достигнат од минус еден до шест степени.
Прогноза за Скопје: Облачно со дожд и снег и температура до два степена
Во главниот град утре ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во одделни делови од скопската котлина повремено ќе засилува.
Температурата во Скопје ќе се движи од минимални нула степени во утринските часови до максимални два степена во текот на денот.
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден







