
Човекот во куќата живеел заедно со своето семејство, но немале доволно средства за да го отплатат кредитот. Земјиштето на кое била изградена куќата, не било вклучено во хипотеката, па семејството одлучило да ја урне куќата и да ја остави пред банката. Кога ја уништиле куќата, целиот отпад и градежните материјали ги натовариле во камиони и ги пренеле во градот Тетевен (Бугарија).

