во , ,

Лука Карабатиќ: Македонија игра со енергија и квалитет – секој ракометен фан го забележува тоа!

Францускиот репрезентативец Лука Карабатиќ зборува за тековниот успех на „триколорите“ на Светското првенство, но и за прогресот на македонската репрезентација.

Во изјава за Gol.mk, тој ги пофали своите соиграчи за максималниот ангажман против Холандија и ја истакна важноста на секој натпревар.

„Ниедна победа на Мундијалот не е лесна, сите екипи се борат со срце. Македонија покажува огромен напредок – млада, квалитетна и енергична екипа што игра одличен ракомет. Сите љубители на ракометот можат да го видат тоа. Нивниот лидер, Кирил Лазаров, е вистинска икона со своето искуство и трофеи,“ изјави Карабатиќ.

Последниот натпревар од групната фаза, Франција ќе го одигра против Македонија на 25 јануари во 20:30 часот. Карабатиќ предупредува дека овој дуел нема да биде едноставен и очекува голема борба на теренот. Македонија е подготвена да се наметне против еден од најголемите фаворити на турнирот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шајло Џоли-Пит го освојува интернетот со нејзините танцови движења — Една работа ги изненади сите

22 Смешни и необични модни комбинации од улиците на Њујорк