во

15 Неверојатни цитати од Франц Кафка кои ќе го променат вашето размислување

Со неверојатен талент да комбинира елементи од реализмот и фантастичното, Франц Кафка бил германски писател на визионерска фикција. Неговите родители не обрнувале внимание на неговата желба да стане писател. Неговиот татко не сакал ништо освен материјален успех, па воопшто не се грижел за креативната страна на Кафка. Во едно од неговите дела, „Писмо до татко ми“ (Letter to Father), Кафка опишал дека ова го терало да се сомнева во себе.

Тој станал човек кој сака социјална изолација, иако во текот на денот бил шармантна и интелигентна личност која работела во компанија за осигурување. Неговите ноќи биле исполнети со пишување и истражување на теми како анксиозност, апсурд, отуѓување и вина.

Кафка успеал да објави неколку негови дела во текот на животот, но вистинска слава стекнал дури по неговата смрт. „Процес“ (the Trial) и „Метаморфоза“ (The Metamorphosis) се едни од неговите најпознати дела. Следниве цитати од Кафка навистина ќе го променат начинот на којшто размислувате.

„Не ја искривувајте, не ја разредувајте, не обидувајте се да ја направите логична. Немојте да ја менувате вашата душа според трендовите. Наместо тоа безмилосно следете ги вашите најинтензивни опсесии.“

„Страсно верувајќи во нешто што сè уште не постои, ние го создаваме. Тоа што не постои е нешто што уште не сме го посакале.“

„Ужасно се плаши од умирање бидејќи сè уште не живеел.“

„Обично ги решавам проблемите на тој начин што им дозволувам да ме проголтаат.“

„Дружењето со човечки суштества го тера самиот човек да се набљудува.“

„Можам да го сакам само она што имам способност да го поставам толку високо што нема да можам да го достигнам.“

„Младоста е среќна бидејќи има капацитет да ја види убавината. Секој кој ја задржал способноста да ја види убавината, никогаш не старее.“

„Постојат два грева од кои потекнуваат сите други – нетрпеливост и мрзливост.“

„Не трошете го вашето време барајќи пречка, можеби нема никаква.“

„Има бескрајно многу надеж во универзумот… но не за нас.“

„Подобро да имате, а да не ви треба, отколку да ви треба, а да немате.“

„Започнете со она што е правилно, наместо со она што е прифатливо.“

„Размислуваат за нешта за коишто немаат никакво разбирање. Само поради нивната глупавост можат да бидат толку сигурни во себе.“

„Изморен сум, не можам да мислам на ништо и само сакам да легнам во твојот скут, да ја чувствувам твојата дланка на мојата глава и да останам така цела вечност.“

„Пишувам различно од она што го зборувам, зборувам различно од она што го мислам, мислам различно од начинот на којшто сакам да мислам и сето тоа продолжува во најдлабоката темница.“

Видео на неделата

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Балканци кои изгледаат како клонови на познатите холивудски и светски фаци

Почина пејачот на “Продиџи”: Кит Флинт е пронајден мртов во својот стан во Англија