во ,

Почина пејачот на “Продиџи”: Кит Флинт е пронајден мртов во својот стан во Англија

Кит Флинт, вокалистот на британскиот електронски бенд „Продиџи“, почина на 49-годишна возраст.

Пејачот беше пронајден мртов во неговиот дом во Есекс, Англија.


Портпарол на тамошната полиција потврди дека Флинт е починат и истакна дека смртта не се смета за сомнителна.

Со својата панк естетика, специфична фризура и израз на лицето, Кит Флинт беше иконична музичка фигура на деведесеттите години.

Станал член на „Продиџи“ во 1990 година, како рапер и танчер и набрзо станал нејзин вокалист. Сите седум албуми на групата, почнувајќи од првиот кој излезе во 1992 година, па сè до последниот „No Tourists“, кој излезе во ноември 2018 година, беа на прво место во Велика Британија.

Најголемите хитови на Флинт и на „Продиџи“ беа песните „Firestarter“ и „Breathe“.

Во интервју за „Гардијан“, во 2015 година, Флинт ја коментираше состојбата на современата поп музика. „Бевме опасни и возбудливи! Но, сега нема никој кој сака да биде опасен. И затоа луѓето добиваат комерцијални, генерички записи кои се само безбедни, безбедни и безбедни”, рече Флинт.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 Неверојатни цитати од Франц Кафка кои ќе го променат вашето размислување

13 фотографии кои ќе морате добро да ги погледнете за да сфатите што се случува на нив