во , ,

Отишла плавуша заедно со нејзиниот брат да се запише на Полициска академија…

Отишла плавуша заедно со нејзиниот брат да се запише на Полициска академија.

Влегла кај инспекторот на прво интервју, а тој решил најпрво да ѝ постави неколку прашања за да го провери нејзиното општо образование.

Реклама

– Што е тоа алгоритам?

Русокосата одговара подготвено:

– Алга која фатила ритам.

Одговорот малку го збунил инспекторот, но, сепак продолжил да ја прашува:

– Кој е Гаврило Принцип?

Русокосата се замислила, па прашала:

– А да не е тоа човекот кој го убил последниот кинески цар Џон Кенеди?

Инспекторот длабоко воздивнал, ама сепак одлучил да ѝ го постави последното прашање:

– Кажете ми, кој го убил Исус Христос?

Русокосата размислувала долго, па едвај одговорила:

– Не знам.

– Добро, рекол инспекторот, тогаш јавете ми кога ќе го дознаете одговорот!

Излегува русокосата цела среќна, а брат ѝ ја прашува:

– Како беше?

– Супер, шефот веќе ми додели прв случај на убиство!


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

26 Љубовни заповеди на просечниот Балканец

Додека правеле скара во дворот, го прашува малиот Ивица татко си што е тоа политика…