
Обнова на зелените површини и нови паркови низ општините
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека со оваа акција интензивно се обновува урбаното зеленило и се уредуваат јавните површини. Акцијата ги опфаќа постојните и новоподигнатите паркови, зелените појаси долж булеварите, како и јавните простори во секоја општина и маало низ градот.
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден
Според Ѓорѓиевски, инвестирањето во зеленило претставува директен влог во иднината на децата, обезбедувајќи повеќе природна сенка во летните денови, почист воздух и нови катчиња за рекреација, игра и дружење за сите скопјани.
„Скопје што дише“: Посветеност кон еколошки стандарди
Градоначалникот нагласи дека создавањето на зелено и чисто Скопје останува еден од неговите врвни приоритети во мандатот, порачувајќи дека секој засаден корен претставува ветување за поздраво и поубаво утре.
„Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат. За Скопје што дише. За генерациите што доаѓаат“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.


